Одбојкарите ги стартуваа подготовките настапот во квалификациите за ЕП и Европската златна лига

Македонските одбојкари ја почнаа новата мисија – Европското првенство 2026. Би било четврто во нашата репрезентативна историја и потврда на постојаноста во настапите на континенталната сцена. За разлика од ланското осминафинале во Бари против светскиот првак Италија, националниот состав има променета физиономија, со нов селектор, Хари Наковски, без најискусниот техничар, Филип Деспотовски, со двајца дебитанти, Михајло Мирасчиев и Кристијан Илиев, и со неколкумина помлади играчи коишто ќе добијат поголема шанса.

Првата цел во оваа акција се двата квалификациски натпревара за ЕП 2026 кои што се закажани за август, најпрво гостувањето во Грузија, а потоа домашен дуел со Грција.

Селекторот Наковски смета на 15 одбојкари кои пристигнаа на собирот во Струмица каде што националниот состав ќе ја кова стратегијата за остварување на основната цел.

Од стандардните, Александар Љафтов нема да биде со репрезентацијата во првиот сегмент, односно ќе се приклучи на средина на јули кога ќе почнат трензините за евроквалификациите.

————————————————————————————————————-

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2025 Грузија – МАКЕДОНИЈА

24/25.08.2025 МАКЕДОНИЈА – Грција

Се вчитува...