Почина скаутот што го откри талентот на Горан Пандев и го доведе во Италија

Италијанскиот калчолигаш Интер објави жална вест за смртта на Пјерлуиџи Казираги, најдобриот скаут во Серија А, кој од 2000 година работеше за „нероаѕурите“. Тој меѓудругото го забележа талентот на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и го доведе во Италија, во редовите на Интер како младинец.

„На турнирите на младите категории морате да присуствувате од самиот почеток. Се сеќавам, играа Данска, Словенија, Унгарија и Македонија, а јас бев на лице место од првиот меч. Македонија беше елиминирана брзо, но јас го открив Горан Пандев“, изјави своевремено Пјерлуиџи Казираги. Тој цели 18 години беше главен скаут на Интер и откри неверојатни фудбалери.

Пјерлуиџи Казираги го препозна и талентот на Бразилецот Фелипе Кутињо и го доведе во Интер на негови 16 години, исто како и Марио Балотели. Тој е првиот кој кажал дека Пол Погба ќе биде голем фудбалер, инсистирал во Интер да биде доведен и Матео Ковачиќ, а на еден турнир во младинските категории ги забележал и Давид Алаба и Ромелу Лукаку, но не успеал да ги доведе на „Џузепе Меаца“.

 

 

 

 

Се вчитува...