Почина Славе Атанасовски, првиот селектор на ракометната репрезентација

Уште една тажна вест во македонскиот ракомет. Почина Славе Атанасовски – Чаве, уште една ракометна легенда на Македонија, првиот селектор на репрезентацијата.

Атанасовски беше првиот селектор на Македонија по осамостојувањето и раздружувањето на Ракомениот Сојуз на Македонија од Ракометниот Сојуз на Југославија. Под негово водство Македонија во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен меч.

Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје. Кариерата ја почнал како голман во Партизан, а потоа бил прекомандуван во бек. Играше и за Графичар, а потоа и кога клубот се трансформираше во Вардар. Играше и за Борец, Металург и Пролет.

Беше тренер на повеќе македонски екипи, имаше кратка одисеја и во Грција и беше селектор на женската репрезентација на нашиот северен сосед.

Се вчитува...