Холандскиот фудбалски судија Роб Диперинк почина на 38-годишна возраст, соопшти Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија (KNVB), изразувајќи длабок шок и тага од трагичната вест.
Смртта на елитниот арбитар доаѓа само неколку недели откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да го отстрани од списокот на судии за Светското првенство во 2026 година. Диперинк беше предвиден да ја врши улогата на ВАР-судија на Мундијалот.
Суспензијата од страна на ФИФА уследи по неговото апсење во Лондон под сомнение за наводен сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција набрзо ја прекина истрагата и го затвори случајот поради недостиг на докази, светската куќа на фудбалот остана на својата одлука и го избриша од листата. Поради тоа, Диперинк јавно го изрази своето големо разочарување, нагласувајќи дека бил лажно обвинет.
Според информациите од холандските медиуми, полицијата веќе води истрага во домот на судијата во Боркуло. Точната причина за неговата ненадејна смрт сè уште не е официјално објавена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
