Почина таткото на легендарниот Сена: Тагата никогаш не престана за погубениот син, но доживеа 94 години

На 94 годишна возраст, од природна смрт, почина таткото на легендарниот бразилски шампион од Ф1 Аиртон Сена, човекот кој дочека длабока старост, Митон Силва.

Митон Силва не престана да тагува по загубата на неговиот син од пред 27 години, кога по страшниот судир со бетонскиот ѕид во Сан Марино, на кратко потоа го загуби својот живот.

Семејството на Сена, било доста задржано, имале семеен бизнис и таткото на Сена искрено се надевал дека откако Аиртон ќе ја заврши својата професионална кариера во Формула 1, ќе се вклучи со сиот свој капацитет во бизнисот.

Тие биле вклучени во градежништво а поседувале и дел сточарски фирми во Бразил, но трагедијата на Аиртон во 1994 година ги смени дефинитивно нивните животи.

Се вчитува...