Почина тренерот кој ја донесе една од најсензационалните титули во историјата на Серија А

Познатиот италијански тренер Освалдо Бањоли почина на 91-годишна возраст. Така почина еден од најзначајните тренери во италијанскиот фудбал, кој постигна историски и исклучителен успех, освојувајќи го Скудетото со Верона во сезоната 1984/85.

Бањоли беше тесно поврзан со Градот на Ромео и Јулија, каде што беше тренер од 1981 до 1990 година. Пред тоа, тој го носеше и жолто-синиот дрес како играч помеѓу 1957 и 1960 година. Поранешниот тренер се бореше со тешка болест долго време.

Со долга порака на својата официјална веб-страница, Верона се збогува со Бањоли:

„Збогум, голем Освалдо. Со бескрајна тага и емоции, Верона жали за смртта на својот почесен претседател Освалдо Бањоли, кој сега и засекогаш ќе биде неповторлива легенда не само за нашиот клуб, туку и за целиот италијански фудбал. Невозможно е да се опише со неколку зборови што Освалдо Бањоли претставуваше и претставува за Верона. По потекло од Бовиса, работничка населба во Милано, и со скромно потекло, Освалдо во секој збор и гест зачува понизност што инспирираше почит и восхит кај секоја личност и навивач што ги среќаваше по патот.“, стои во објавата на Верона.

Се вчитува...