Ливерпул жали по уште една клупска легенда откако беше објавено дека Иан Сент Џон почина денеска на 82-годишна возраст. Поранешниот голгетер настапи на 425 натпревари за Ливерпул во периодот од 1961 до 1971 година, притоа постигнувајќи 118 погодоци.
Тој беше член на генерацијата шти стигна до титулите во 1964 и во 1966 година, а ќе остане запаметен и како стрелец на победничкиот гол за освојување на првиот ФА Куп во клупската историја на Ливерпул, во финалето во 1965 година против Лидс.
„Иан Сент Џон почина мирно, со семејството крај него. Сакаме да им се заблагодариме на сите вработени во болницата во Ароу Парк за помошта што ни ја укажаа во овој тежок период“, објави семејството Сент Џон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА