Почна Австралија Опен: Серена и Осака сигурни, Тим максимален, Зверев загуби сет…

По долго чекање и неколку одлагања, конечно стартуваше и новото издание на Австралија Опен, а првиот натпреварувачки ден од овој гранслем турнир не донесе преголеми изненадувања.

Наоми Осака рутински ја одработе задачата на стартот, славејќи над Павличенкова со 6-1, 6-2. Импресивен стартот во Мелбурн имаше и Серена Вилијамс, која триумфираше над Германката Зигмунд со 6-1, 6-1, како и младата Свијонтек од Полска, која беше подобра од Рус од Холандија со 6-1, 6-3.

Доминик Тим лесно ја оправда фаворитската улога против Кукушкин, триумфирајќи со 3-0. Австриецот се мачеше само во првиот сет, што го доби со 7-6, за потоа рутински да го доврши мечот со 6-3, 6-2. Александар Зверев загуби сет, но сепак успеа да триумфира над Џирон со 6-7, 7-6, 6-3, 6-2.

Милош Раониќ по брза постапка го реши Аргентинецот Корија со 6-3, 6-3, 6-2, а со максимални 3-0 во сетови триумфираше и Вавринка, на мечот со Соуса од Португалија.

Се вчитува...