Почна ЕП за млади: Англија се спаси, Шведска промаши пенал

Европското Првенство за фудбалери до 21 година официјално стартуваше со денешниот дуел во Кјелце меѓу бранителот на трофејот Шведска и селекцијата на Англија, пресметка што заврши без ниту еден постигнат погодок.

Англичаните не само што не ја оправдаа улогата на благи фаворити, туку и можат да бидат среќни што освоија барем еден бод од овој дуел. Најзаслужен за тоа е голманот Пикфорд, за кого Евертон пред два дена плати 30 милиони фунти, кој успеа го одбрани пеналот на шведскиот национален тим во 80. минута.

Одговорната задача му припадна на Линус Валквист, тој имаше лош обид со „паненка“ да го совлада Пикфорд, а англискиот голман, иако тргна на својата лева страна, сепак со одличен рефлекс успеа да си ја сочува мрежата незатресена.

Покрај Англија и Шведска, дел од оваа група се уште и домаќинот Полска и Словачка, кои вечерва (20.45 часот) ќе ги одмерат силите во Лублин.

Linus Wahlqvist Missed Penalty Goal HD – Sweden… by wc2018

Се вчитува...