Почна и АБА лигата – ФМП лесно со ослабената Приморска

По долго расправа и преговори конечно стартуваше новото издание на АБА лигата. Во премиерниот натпревар во сезоната 2020/2021 кошаркарите на ФМП стигнаа до лесна победа  од 84-65 против ослабената Приморска која се наоѓа во големи финансиски проблеми.

Домаќините уште од стартот наметнаа силно темпо, а по десет минути имаа предност од 25-13. Разликата од 12 поени ја задржаа до крајот на првиот дел, по кој на пауза се замина со резултат 54-42. Во третата четвртина и двата тима одиграа далеку под очекуваната и успеаја вкупно да постигнат само 19 поени. ФМП успеа до крајот да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 84-65.

Сава Лешиќ со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, а додаде и 12 скока и две асистенции. Кај поразените Вончина уфрли 17 поени, додека Мацура го заврши мечот со два помалку.

Се вчитува...