Почна: Конте со „отровни стрели“ кон Сари

Интер стигна и до третата победа во исто толку натпревари на почетокот од сезоната во Серија А, синоќа славејќи со 1-0 против Удинезе. Претходно, Јувентус, пак, ремизираше без голови на гостувањето против Фиорентина.

По ремито на „Артемио Франки“, Маурицио Сари се пожали а високата температура потенцирајќи дека тоа е причината за нешто послабата игра на неговиот тим.

Неколку часа подоцна Конте кон Сари испрати „отровни стрели“ истакнувајќи дека сега мора да биде мирен затоа што е на страна на посилниот.

„Не сакам премногу да зборувам да не се залетам. Инаку ќе мора да зборувам за буџетот и за брачната состојба. Некој треба да биде мирен и спокоен, затоа што е на страната на посилниот“ – рече Конте.

Интер и Јувентус првиот меѓусебен натпревар сезонава го очекуваат во 8. коло од Серија А во Милано.

Се вчитува...