Почна „војната на суетите“ – Меси не сакаше да се поздрави со Покетино откако беше заменет (ВИДЕО)

Срамно однесување на Лионел Меси на натпреварот на ПСЖ против Лион во 6. коло од Лига 1.

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино се одлучи во 76. минута на дуелот со Лион, при резултат 1-1, од игра да ја извади најголемата ѕвезда на клубот Лионел Меси и на негово место внесувајќи го Хакими.

Сето тоа воопшто не му се допадна на Аргентинецот кој при напуштањето на теренот не сакаше да се поздрави со Покетино, јасно ставајќи му до знаење дека не се согласува со неговата одлука, а индиректно навестувајќи дека тој ќе биде „шефот во тимот“.

Но, на крајот победник секако од целата ситуација излезе Покетино затоа што ПСЖ со голот на нововлезениот Икарди во 92. минута дојде до триумфот од 2-1 против Лион.

НЕСОГЛАСУВАЊЕТО НА МЕСИ СО ОДЛУКАТА НА ПОКЕТИНО ПРИ НАПУШТАЊЕТО НА ТЕРЕНОТ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...