Со вечерашниот натпревар меѓу Олимпик Марсеј и Тулуз официјално беше означен стартот на новата сезона во францускиот шампионат, во кој ПСЖ повторно е апсолутен фаворит за титулата.
Олимпик вечерва рутински ја одработе задачата триумфирајќи со 4-0, откако Паје погоди од пенал пред крајот на првото полувреме, за истиот фудбалер да зголеми на 2-0 со гол во 62. минута.Третиот погодок беше дело на Жермен во 89. минута, а конечните 4-0 ги постави Тван во судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА