Почнаа критиките: Меси е бледа копија, само оди по теренот…

Лионел Меси се уште чека на својот прв погодок во дресот на ПСЖ, а замената во второто полувреме од дуелот со Лион е јасен доказ дека и Маурицио Покетино очекува многу подобри изданија од најдобриот фудбалер на денешницата.

Челниците на клубот испратија јасна порака до Покетино дека тоа не смее да се повтори, но без оглед на заштитата што Меси ја има од првите луѓе на ПСЖ јасно е дека тој е далеку од посакуваната форма. Аргентинецот промаши стопроцентна шанса по брилијантното додавање на Нејмар, имаше уште неколку неуспешни обиди, а најблиску до гол стигна од слободен удар, кога неговиот обид заврши во гредата од голот на Лион.

Французите не се импресионирани од она што го гледаат од аргентинскиот генијалец на теренот, па така весникот „Паризиен“ во анализата за мечот на „Паркот на принцовите“ жестоко го нападна екс-фудбалерот на Барселона.

„Се чини дека и на него му станува јасно, престојот во Париз ќе биде многу поголем предизвик отколку што мислеше бидејќи ќе мора да даде се од себе за да ги импресионира луѓето. Вистината е дека Лео Меси во моментов е бледа копија на играчот кој беше брилијантен во Барселона. Се почесто го гледаме со наведната глава, голем дел од времето минува одејќи по теренот наместо да трча. Тој нема никакво влијание врз играта на Барселона“, критикуваат од „Паризиен“.

Се вчитува...