Почнаа со пораз и така го завршија првиот дел од сезоната, Ангели загуби и од Куманово

Кошаркарите на Ангели како што ја започнаа сезоната така и го завршија првиот дел, овој пат на домашен терен беа поразени од Куманово со 76-104. во 12. коло од кошаркарската прва лига на Македонија. Гостите одиграа солидно прво полувреме по кое на пауза заминаа со предност од 39-53.

Клучен во мечот беше третиот период во кој домаќините постигнаа само четиринаесет поени и по 30 минути игра имаа негатива од (60-84). До крајот немаа сила за целосно да се вратат во мечот што резултираше со пораз од 76-104.

Андреја Атанасов со 21 поен беше прво име во таборот на домашните, додека кај гостите Фреди Максвејн заврши со 20 поени.

Се вчитува...