Почнува фудбалскиот фестивал за деца – Трето издание на „Пандев куп“

Еден од најголемите меѓународни фудбалски турнири за млади категории, „Пандев Куп 2020“ ќе го има третото издание. Од денеска до 8.март во Струмица, Турново и во Дојран ќе продефилираат повеќе од 1200 млади фудбалери, над 70 екипи од пет држави, а ќе бидат одиграни повеќе од 150 натпревари.

Овој масовен турнир за млади категории е поддржан од најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, градот Струмица и од Фудбалската федерација на Македонија. Организаторите се надеваат на одлични натпревари и уште поголема дружба меѓу учесниците, а поради мерките за безбедност од коронавирусот мечевите сепак ќе мора да се одржат без публика.

Одреден е распоредот на натпревари за секоја возрасна категорија, а мечевите почнуват денеска.

 

Се вчитува...