Почнува „Крусибл“ – Продолжување на кинеската доминација или враќање на Рони на врвот на светот!

Од денеска, култниот „Крусибл театар“ ќе биде центарот на спортскиот универзум бидејќи започнува Светското првенство во снукер.

Главниот фокус, очекувано, е насочен кон Рони О’Саливен. Популарниот „Ракета“ пристигнува во Шефилд со амбиција да ја запечати својата доминација и да го нападне осмиот пехар, со што би станал апсолутен рекордер во модерната ера. Но, патот до „Крусибл“ е поплочен со предизвици. О’Саливен не е во врвна форма сезонава, а неговиот најголем непријател честопати е самиот тој и притисокот што го носи овој специфичен амбиент.

Од другата страна на масата стојат оние кои сонуваат да го симнат кралот од тронот. Џад Трамп, кој игра една од своите најконстантни сезони, се смета за еден од фаворитите.

Тука е и актуелниот шампион, Жао Шинтонг, кој ќе се обиде да го скрши „проклетството на Крусибл“ (фактот дека никој кој првпат станал шампион не успеал да ја одбрани титулата следната година). Не смеат да се заборават ниту големите мајстори како Марк Селби, Марк Вилијамс и Џон Хигинс.

Се вчитува...