Почнува Лига 1: Се чека воскреснување на Меси, ПСЖ прв фаворит!

Денеска се враќа фудбалот во дел од најдобрите лиги во Европа и светот. Покрај Премиерлигата и Бундеслигата, почнува и Лига 1. Французите го закажаа воведниот меч за денес, а сезоната ќе ја отвори Лион, кој на домашен терен ќе го пречека Ајачио од 21.00 часот.

Фановите на „светците“ очекуваат воскреснување на формата на Лионел Меси, кој имаше лоша прва сезона во Франција. Аргентинецот во претсезоната најави дека ќе биде човекот на кој што ќе се внимава цела сезона. ПСЖ е тим кој важи за главен фаворит за освојување на трофејот и оваа година.

Овојпат конкуретна ќе биде трката за останатите места при врвот на табелата, кои носат пласман во Лигата на шампионите. Лион се гледа како најсериозен кандидат кој би можел да им направи проблеми на „принцевите“, кои оваа сезона ќе бидат предводени од Кристоф Галтие. Враќањето на Александер Лаказет и Корентин Толисо и доведувањето на Таљафико ги зголеми амбициите на фановите. Монако, Рен, Олимпик Марсеј, Лил се фаворити за места кои носат излез во Европа.

Актуелниот шампион ПСЖ ќе го одигра првиот натпревар во сабота навечер, на гостувањето кај Клермон. Пред тоа Стразбур ќе го пречека Монако. Сите други натпревари се закажани за в недела.

Се вчитува...