Почнува НБА плеј-офот: Може ли некој да ја урне Оклахома?

По возбудливиот плеј-ин турнир, денеска официјално започнува највозбудливиот дел од кошаркарската сезона – НБА плеј-офот. Најдобрите 16 тимови тргнуваат во поход кон трофејот „Лери О’Брајан“, со Оклахома Сити Тандер како бранители на титулата на Западот и Детроит Пистонс како неочекувани лидери на Истокот.

Повторно први фаворити се актуелните шампиони, а како главни предизвикувачи ги имаат Денвер нагетс на Никола Јокиќ и Сан Антониот спурс предводени од неверојатниот Виктор Вембањама. Лејкерс требаше да бидат во овој круг, но бидејќи ќе го немаат Лука Дончиќ во серијата против Хјустон рокетс шансите се сведени на нула.

На Истокот од број 1 тргнува Детроит, но главен фаворит за финалето е Бостон селтикс. Њујорк никс исто така влегуваат со големи очекувања во плеј-офот, а тука е и Кливленд кавалирс кој по трејдот на Џејмс Харден играат одлично.

Според официјалниот календар големото финале е закажано да започне на 3 јуни 2026 година.

Се вчитува...