Почнува продажбата на влезниците за ракометниот меч со Чешка

Македонската машка ракометна репрезентација в недела (18.06.2017), со почеток од 20.45 часот во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Чешка. Канцеларијата на РФМ информира дека продажбата на влезници за натпреварот почнува денеска (12.06.2017) од 12 часот, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Влезници можат да се резервираат и онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс, а ќе се продаваат по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонските ракометари последната фаза од квалификациите за ЕП 2018 ја почнува в четврток со натпревар на гостински терен против Украина во Суми.

Се вчитува...