Почнува трката по ѕвездите на Сити, Баерн тргнува по англиски репрезентативец

Главоболките на сопствениците и раководството на Манчестер сити со прогласувањето за виновен по сите 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, ќе се зголемат во наредниот период бидејќи фудбалските гиганти планираат да им ги земат најголемите ѕвезди.

Поради можноста да биде исфрлен во понизок ако се потврди одлуката на Независната комисија на Премиер лигата, ѕвездите на „граѓаните“ уште сега се наоѓаат на листата на желби на конкурентите, а прв кој направи конкретен чекор е Баерн Минхен.

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, кој е поранешен играч на Манчестер сити, веќе се распрашувал на „Етихад“ за можноста да се ангажира англискиот репрезентативец, Фил Фоден.

Иако Фоден има договор со Сити со 2030 година, според германските медиуми, Баерн Минхен планира уште во зимскиот преоден рок планира да достави официјална понуда до Сити за трансфер на одличниот играч од средниот ред.

Се вчитува...