Почнува женскиот ракометен Мундијал – Кои ќе бидат новите „светски кралици“

Со натпреварот меѓу домаќинот Шпанија и Аргентина вечерва почнува 25. Светско ракометно првенство за жени. Првпат во историјата на смотрата на најдобрите женски ракометни репрезентации во светот ќе учествуваат 32 селекции.

Шпанките на минатиот мундијал завршија како сребрени веднаш зад Холандија, па сега ќе се обидат токму со помош на домашната публика да стигнат до трофејот. Холанѓанките кои се актуелни шампионки и на ова првенство влегуваат како „фаворити од сенка“. Најмали коефициенти за освојување на шампионатот имаат актуелните олимписки лауреатки Французинките. Меѓу фаворитите се и Норвешка, Русија и Шведска.

Македонија до последен момент очекуваше повик како прва замена, но сепак на крајот ниту една репрезентација немаше проблеми и успеа да испрати свој тим во Шпанија.

Се вчитува...