Почнуваат битките за Ф4 во ЛШ: Кил без Сагосен против моќниот ПСЖ

Со денешниот дуел меѓу Мешков Брест и Барселона во 18.45 и официјално почнуваат четвртфиналните битки во ракометната Лига на Шампиони, по што ќе бидат познати и патниците на Ф4 турнирот во Келн.

Каталонците и покрај отсуството на Блаж Јанц се апсолутни фаворити за билет за Ф4, а дуелот во Белорусија ќе биде само најава за суперпресметката меѓу европскиот првак Кил и францускиот шампион ПСЖ.

„Зебрите“ ќе бидат сериозно ослабени бидејќи на вечерашниот прв натпревар нема да можат да сметаат на својот најдобар играч, Сандер Сагосен. Норвешкиот бек поради инфекција го пропушти последниот бундеслигашки меч, а лекарскиот тим не успеа да го оспособи Сагосен за настап вечерва, па тој воопшто не се наоѓа на списокот на Кил на дуелот со „светците“.

ПСЖ останува без трофеј во Лигата на Шампионите, Раул Гонзалес се уште го нема испорачано трофејот поради кој беше доведен од Вардар, а шансите на „ел команданте“ против Кил сериозно се зголемуваат со неиграњето на Сагосен за противничкиот табор.

Се вчитува...