Раководството на Челси подготвува нов договор за играчот за врска, Францеск Фабрегас. На шпанскиот репрезентативец му преостануваат 18 месеци од постоечкиот договор, па сакаат да се осигураат на временски период. Фабрегас наводно сака да стави потпис на нови две години, но политиката на клубот вели дека за 30 годишните фудбалери и постари можат да си дозволат само едногодишни обнови на договорите, со опција секое лето истите да се продолжуваат.
Сепак, главната причина за продолжувањето на соработката е интересот од Манчестер јунајтед, односно Жозе Мурињо, човекот кој е одговорен за доаѓањето на Фабрегас на „Стемфорд бриџ“ во 2014 година. Минатата сезона не беше во преден план кај Конте, Шпанецот стартуваше на само 13 премиерлигашки натпревари, па Мурињо се надеваше дека ќе ја искористи недоволната минутажа на Фабрегас да го ангажира и да го засили својот состав. Сепак сценариото е различно во новата сезона, Фабрегас стартуваше на осум од десет натпревари во Премиер лигата, и има значително поважна улога во составот.
„Специјалниот“ летово доведе фудбалер од редовите на својот поранешен клуб, и тоа неговиот миленик Немања Матиќ, а токму португалскиот стратег го продаде Хуан Мата на „црвените ѓаволи“ пред три и пол сезони, кога по втор пат седна на клупата во клубот од Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА