Подарок – гол за Милан (видео)

Милан доби гол на подарок на гостувањето против Сасуоло по големиот судиски превид во првото полувреме од оваа средба. Главниот арбитар најпрвин досуди сомнителен пенал за „росонерите“, а Бака при изведувањето на ударот од белата точка се лизна, при што топката му удри во двете нозе на патот до мрежата.

Домашните фудбалери и голманот веднаш протестираа, но судиите останаа неми, признавајќи го нерегуларниот погодок на Карлос Бака.

Се вчитува...