Подарок за Мајнц: Неверојатен „кикс“ на голманот на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд лани остана без титула поради ремито со Мајнц во последното коло, но „милионерите“ денеска го даруваат истиот противник во мечот кој е многу значаен за Мајнц во битката за опстанок. Тренерот Терзиќ одмори повеќе од половина првотимци по обезбедениот пласман во финалето од ЛШ, со што значително им ја олесни задачата на домаќините да стигнат до посакуваните три бода.

Домашниот тим веќе има водство од 3-0 по половинаа полувреме, а особено смешен е вториот гол, по неверојатниот подарок на голманот на Борусија, Александер Мајер. Гостите ја имаа топката во посед од сопствениот петерец, кога Мајер директно му додаде на Ли, кој со силен удар му се заблагодари сместувајќи ја во мрежата.

Големиот „кикс“ на „милионерите“ и подарокот за Мајнц можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...