Подготовките на Работнички: Напорно и жешко, ама што се мора не е тешко (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Работнички веќе неколку дена напорно се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо. Ритамот е жесток, иако временските услови се на работ на издржливоста. Но, мора сега да биде и жешко и тешко, за потоа да се собираат бодови.

На тимот се приклучи и Бразилецот Јаго Гомес, кој потпиша едногодишен договор и треба да го засили нападот на „романтичарите“ за новата сезона.

Се вчитува...