ПОДГОТВЕНИ – Нека биде повторно ИСТОРИЈА! (Фотогалерија)

Македонската репрезентација е пред ново запишување историја за националниот фудбал со пласман во баражот за место на Светско првенство!

За првпат во својата историја Македонија е пред можност и за најдобар пласман со освојување на второто место низ еден квалификациски циклус. По историското учество на своето прво европско првенство ова лето, Мундијалот е сега нов предизвик за репрезентативци поради што воопшто не недостасува мотив за триумф против Исланд утре во последниот натпревар од квалификациите за СП 2022.

Избраниците на Благоја Милевски вечерва го одработија и официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ уште еднаш потенцирајќи ја желбата утре пред 17.000 навивачи на нашиот најголем стадион да се даде максимумот во желбата за победа…

 

Се вчитува...