Подобар фудбалер или бизнисмен: Еве како Рамос заработи повеќе од 100 милиони евра!

Кариерите на спортистите се релативно кратки, па поради тоа добар дел од нив се одлучуваат уште и во периодот на активната играчка кариера да активираат некој приватен бизнис. По тоа се познати Пике, Иниеста, Меси…, кои водат бизнис благодарение само на парите, секако, од фудбалот.

А, нивниот пример го следи и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој во светот на бизнисот влетал во 2004 година, уште како играч на Севилја. Основал компанија „Сермос 32 СР“, со бројот кој го носел на дресот во клубот од Андалузија. Така стартувал бизнис кариера… Според проценките, семејните компании, во кои се вклучени и членови од неговото семејство, му донеле заработувачка поголема од 100 милиони евра.

Шпанскиот репрезентативец денеска поседува пет компании, кои се занимаваат со најразлични дејности. „Сермос 32“ е задолжена за водење интернет страници на фудбалерите, а се претпоставува дека донесла заработувачка од околу 37 милиони евра.

Исто така, Рамос има и неколку компании специјализирани за градежништво, а учествуваше и во изградбата на спортскиот комплекс во Марбелја. Подоцна неговиот бизнис дополнително се разви по инвестицијата во шопинг центар. Благодарение на добивката од тој проект, Рамос го наследи својот татко на чело на голема компанија со седиште во Мадрид, а се проценува дека „тежи“ 13 милиони евра.

Но, Серхио Рамос, и како што самиот вели, е најмногу горд со „Јегуада СР4“, која ја опишува: „Основана со љубов од основачот Дон Серхио Рамос Гарсија кон андалузиската култура и традиција“.

Се вчитува...