„Подобро би губел со свои, отколку да победувам со туѓи кошаркари“

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Аргентина, Пабло Приџони е голем противник на натурализација на кошаркари во националните тимови.

Тоа е една од главните теми во светот по завршување на Европското првенство на кое славеа Шпанците, а една од главните причини за титулата беше Лоренцо Браун кој доби пасош непосредно пред стартот на првенството.

„Секогаш сум бил и ќе бидам против натурализација. Додека сум јас во репрезентацијата, тоа нема да се случи. Нема да има ниту член во стручниот штаб од друга земја. Кога јас нема да бидам тука, нека одлучуваат другите. Подобро би губел со свои сонародници, отколку да победувам со туѓи“, изјави Приџони. 

Се вчитува...