Подвиг на Кики Бертенс, триумфираше над Анжелик Кербер во Сингапур

Дојде како замена за повредената Симона Халеп, а го почна финалето на тениската сезона во Сингапур со голема победа против Анжелик Кербер. Кики Бертенс славеше над третата тенисерка во светот со 2-1 во сетови во првото коло од „црвената“ група.

За неа ова е прва победа во кариерата на финалниот турнир од сезоната. Холандската тенисерка врзува неверојатна серија од десет последовни победи против ривлаки кои се во топ десет на ВТА листата.

Кербер го доби воведниот сет од убедливи 6-1 и изгледаше дека фавортката лесно ќе се справи со Бретенс. Но, тогаш тргна пресвртот на Холанѓанката која вториот сет го доби  со 6-3, а во решавачкиот трети сет беше подобра со 6-4.

Претходно во дуелот од првото коло во оваа конкуренција, Слоун Стивенс ја совлада Наоми Осака. Во второто коло меѓусебе  играат токму Бертенс и Стивенс.

 

 

 

Се вчитува...