Поенот што го реши финалето – Ѓоковиќ не се предава никогаш (видео)

Новак Ѓоковиќ стигна до 20. гранслем-трофеј во кариерата откако попладнево во фантастично финале го совлада Матео Беретини со 3-1 во сетови, за своја шеста круна на Вимблдон.

Клучен момент се чини беше средината од четвртиот сет, кога Беретини имаше водство од 3-2 во гејмови, но и 15-30 на сервис на Ѓоковиќ. Италијанецот беше многу блиску до две брејк топки, но Ѓоковиќ успеа да се врати од невозможна позиција, да го освои поенот, а потоа и да си го спаси сервисот.

Беретини не успеа да се опорави од шокот, па до крајот на мечот не освои ниту еден гејм, а Новак со два брејка стави печат на победата и освојувањето на трофејот.

Се вчитува...