Пофалби од екс-тренерот: Миовски е екстра фудбалер, многу трча, одлично реализира…

Нил Ворнок не успеа да го извлече Абердин од резултатската криза поради што искусниот стратег си замина по само два месеца на чело на шкотскиот премиерлигаш.

Една од ретките светли точки во тој период во тимот на Абердин беше Бојан Миовски, за кого Ворнок има исклучително високо мислење истакнувајќи дека Македонецот многу лесно може да се снајде во двата најдобри тима во Шкотска, Селтик или Глазгов Ренџерс.

„Мислам дека Абердин ќе го продаде Миовски летово, не се сомневам дека тој одлично би се вклопил во Селтик или во Ренџерс. Бојан е екстра фудбалер, работи напорно за тимот. Игравме против Глазгов Ренџерс, тој истрча 12 километри на тој натпревар и успеа да постигне и гол. Одлично ги реализира шансите, мислам дека направи вистински потег што потпиша за Абердин, тука созреа како играч, но сега му следи нов чекор ако сака уште повеќе да напредува“, изјави Ворнок.

Абердин бара 6 милиони фунти за да го продаде Бојан Миовски, за кого се интересираат Селтик, Глазгов Ренџерс, но и неколку клубови од Англија и од Италија.

Се вчитува...