Погба го признал допингот: Ненамерна грешка, следи суспензија, па раскин на договорот

Пол Погба при разговор со челниците на Јувентус ја признал вината за позитивниот допинг тест, откако францускиот ас беше позитивен на тестостерон на тестирањето по дуелот со Удинезе на 20 август. Фудбалерот на Јуве ќе треба да даде и Б примерок за тестирање, но повеќе од извесно е дека и тој ќе биде позитивен, откако самиот Погба обелоденил дека е свесен за грешката што ја направил.

Италијанските медиуми јавуваат дека Погба ја признал грешката, откако во меѓувреме дознал како ја внел забранетата супстанца во организмот. Станува збор за нутрициски суплемент во исхраната, кој му бил препорачан од пријател – доктор од САД и кој требало да му помогне за што побрзо враќање на терените. Французинот во прв момент не знаел дека суплементот има тестостерон во себе, но по големиот допинг-скандал дознал дека токму тоа е причината за проблемот.

Според „Газета дело спорт“, Јувентус веднаш по признанието му изрекол на Погба суспензија без плата, повикувајќи се на колективниот договор според кој играчите позитивни на допинг-тест на треба да земаат плата додека им трае казната.

По анализата на Б-примерокот ќе следи и официјална казна од италијанските фудбалски власти за Погба, а во Италија се најавува дека по изречената суспензија ќе следи и раскин на договорот меѓу Јувентус и Погба, со што „старата дама“ ќе заштеди над 30 милиони евра што ќе требаше да му ги исплати на овој фудбалер до 2026 година.

Се вчитува...