„Погба има се што е потребно да ја освои „Златната топка““

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Андер Ерера има високо мислење за својот поранешен соиграч од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

„Не постои ниту еден фудбалер како што е Погба – еден на еден, од шеснаесет до шеснаесет. Има се што е потребно да ја освои „Златната топка“, но треба неговиот клуб да се бори за трофеите“, изјави Андер Ерера. 

Токму вечерва во првото коло во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен на домашен терен ќе го пречека Манчестер Јунајтед, натпревар кој на програмата е во 21 часот.

Се вчитува...