Погба: Јас сум најкритикуваниот фудбалер на светот

Франција со триумф од 2-1 против Австралија го започна својот пат на Светското првенство во Русија, но и покрај тоа Пол Погба доби огромни критики за својата игра. А, фудбалерот на Манчестер јунајтед не можеше да остане нем на таквите напади од медиумите.

„Јас сум најкритикуваниот фудбалер во светот. Го поминав многу брзо патот од најскапиот трансфер до најкритикуваниот фудбалер. Едни пишуваат дека сум контроверзен, други дека не играм најдобро, трети дека премногу грешам, четврти дека можам многу повеќе. И можеби сите се во правам, но најдобро ќе биде да ме остават да играм“, изјави Пол Погба за француските медиуми.

На ваквата изјава на Погба се надоврза и неговиот агент, контроверзниот Мино Раиола.

„Што и да направи Погба, не е доволно добро. Се повеќе почнувам да мислам дека Французите не сакаат херои“ – порача Раиола.

Се вчитува...