Погба: Лош губитник сум, не ми се игра фудбал ако не освојувам трофеи!

Францускиот репрезентативец Пол Погба, одличниот фудбалер на Манчестер Јунајтед призна дека му недостигаат трофеите, зашто откако се пресели во 2016 година на „Олд Трафорд“ успеа да освои само еден – Лига Европа под палката на Жозе Мурињо.

Погба изминатиов период се поврзуваше со трансфери, најмногу поради наводно незадоволство, а неговиот менаџер Мино Рајола неколкупати жестоко го „пецна“ тимот од Манчестер, но француската ѕвезда сепак остана дел од Јунајтед, иако повторно се појавуваат шпекулации за негово можно заминување.

Недостигот на пехари може да е еден од клучните причини за да си оди, а самиот Погба признава дека е – лош губитник.

„Чувствувам како да ми недостига нешто, многу ми недостигаат пехарите. Мора да освоиме нешто. Јас едноставно сакам да освојувам трофеи. Не ми се игра ако не победувам и освојувам пехари. Лош губитник сум и секогаш ќе бидам лош губитник. Сакам постојано да победувам. Очајно сакаме трофеј, мислам дека сме сѐ поблизу и поблизу, имаме напредок, а ваков клуб со големи цели секогаш атакува на трофеи. Сега треба да го направиме последниот чекор и нешто да освоиме. Блиску сме во Лига Европа, имаме шанса барем со тој трофеј да ја завршиме сезоната“, вели Погба.

Се вчитува...