Погба, Мата и Шо лидери во помирувањето во Манчестер Јунајтед

Состанок на кој биле расчистувани недоразбирањата и кој требало да донесе смирување на духовите меѓу играчите на Манчестер Јуајтед се одржал кон крајот од минатата седмица јавуваат британските медиуми. Според нив иницијатори на помирувањето биле Пол Погба, Лук Шо и Хуан Мата.

Состанокот се одржал пред драматичната победа со пресврт на Јунајтед над Њукасл во викенд колото од Премиер-лигата. Се тврди дека токму таа средба многу придонела за враќањето на „Црвените ѓаволи“ по негативата од 2-0.

Според информациите, менаџерот Жозе Мурињо не присуствувал на состанокот, но знаел за него и наводно бил задоволен што клучните играчи решиле да соработуваат за доброто на клубот.

Мурињо пак објави СМС комункација со управата на клубот според која тој добил поддршка од клучните луѓе на „Олд Трафорд“ уште пред дуелот со Њукасл.

 

 

Се вчитува...