Погба на лето се враќа во Јувентус?

Францускиот интернационалец Пол Погба пред две години го направи најскапиот трансфер во светот во тој момент со преселбата од Јувентус во Манчестер јунајтед, а сега би можел да се врати во Торино. Тој не е во најдобри односи со менаџерот Жозе Мурињо, а се чини и дека не ги оправда вложените средства на соодветен начин. Постои можност да се врати во Торино и повторно да го облече дресот на „старата дама“, но како позајмен играч.

Манчестер јунајтед нема намера да го продаде Погба, но доколку Мурињо одлучи дека сепак не му е еден од столбовите во тимот, би можел да се врати во Јувентус. Прашање на преговори секако ќе биде и огромната плата која Погба ја заработува како член на англискиот премиерлигаш, повеќе од 20 милиони евра.

Се вчитува...