Погба: Нема да престанеме да се бориме против расизмот

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, застана во одбрана на своите соиграчи Маркус Рашфорд, Букај Сака и Џејдон Санчо и истакна дека расизмот не смее повеќе да се толерира.

Рашфорд, Сака и Санчо се најдоа на мета на расистички навреди поради промашените пенали во финалето на Европското првенство, што решително влијаеше на поразот на Англија од Италија.

„Горд сум на вас. Понекогаш победувате, понекогаш губите. Бевте храбри и изведовте пенали. Покажавте вредност помагајќи и на вашата земја да стигне до финалето. Расизмот веќе не може да се толерира. Никогаш нема да престанеме да се бориме со него. Треба да ја држите главата високо и да бидете горди на довербата што ја имате. Вие сте вистински примери за оваа прекрасна игра. Никогаш не го заборавајте тоа. Бидете горди на себе. Фудбалскиот свет е горд на вас“, напиша Погба.

Се вчитува...