Погба по триумфот над Кардиф не пропушти да испрати порака до Мурињо

Манчестер јунајтед во дебито на Оле Гунар Солскјер славеше на гости против Кардиф со убедливи 1-5.

Пол Погба, по заминувањето на Жозе Мурињо повторно се врати во тимот, истакнувајќи се две асистенции – очигледно повеќе од расположен за игра. По мечот Французинот не пропушти да испрати порака за Жозе Мурињо со кога беа во „војна“…

„Со Мурињо освојувавме трофеи и сакам да му се заблагодарам за тоа. Но, не функционираше се како што треба. Но, сето тоа е минато. Сакам да му се заблагодарам што ме направи подобра личност. Сега сите сме среќни што повторно победуваме, и тоа на ваков начин со новиот тренер. Важно ни е да продолжиме со овој ритам. Не може во иднина да ни се случува на еден меч да постигнеме пет гола, а во следниот да загубиме“ – рече Погба.

Интересно е дека Јунајтед првпат доаѓа до пет гола на еден официјален натпревар во Премиерлигата уште од времето на Сер Алекс Фергусон.

Се вчитува...