Погба: Подобро да играме со Аргентина, отколку со Хрватска

На Франција и е доволен само еден бод во последното коло против Данска за да го осигура првото место во групата, а за „триколорите“ тоа е многу важно – за да ја избегнат Хрватска како ривал на стартот од нокаут фазата од мундијалот. Пол Погба е еден од многуте француски репрезентативци кои имаат огромен респект за „коцкестите“, тврдејќи дека се многу потежок ривал за „триколорите“ отколку Аргентина.

„За нас реално е подобро да играме против Аргентина отколку против Хрватска. Јасно е дека Хрватите се многу силни, она што го сторија во минатото коло на дуелот со Аргентинците не беше случајно. „Гаучосите“ имаат одлични индивидуалци, но на крајот се се сведува на Лионел Меси. Кај Хрватска ситуацијата е обратна, имаат премногу оружја, но играат и максимално колективно. Без оглед против кого ќе се паднеме, наша цел е да победиме, не само на тој меч, туку на сите натпревари до крај и да се закитиме со титулата“ – изјави Погба.

Сите дилеми во овие две групи ќе се разрешат во вторник, најпрвин во 16 часот ќе се сретнат Франција – Данска и Австралија – Перу, за потоа во 20 часот силите да ги одмерат Аргентина – Нигерија и Исланд – Хрватска.

Се вчитува...