Погба поради повреда се повлече од француската репрезентација

Поради повредата заработена во ремито 1-1 на Манчестер Јунајтед со Саутемптон, Пол Погба го откажа настапот за француската репрезентација во овој термин од квалфикациите. Тој кривејќи го напушти „Сент Мери“ во саботата, а Јунајтед го испрати на дополнителни испитувања.

Погба до информирал Диде Дешамп дека нема да се приклучи на националниот тим. И Јунајтед и француската репрезентација се во очекување на резултатиот кои ќе ги покажат снимките.

Репрезентацијата на Франција во овој термин од квалфикациите за следното Европско првенство треба да ги одигра дуелите против Албанија и против Андора. Актуелниот светски првак ја предводи конкуренцијата Х со девет бода по четири одиграни кола.

 

 

Се вчитува...