Погба пред дуелот со Јувентус: Торино е мојот дом!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, со нетрпение го чека реваншот со Јувентус во Лигата на шампионите и настапот на добро познатиот терен во Торино. Французинот помина четири години во Торино и вели дека има само убави спомени од тој период кога настапуваше за Јувентус.

Очекував вакво нешто. Луда работа. Летово му реков на брат ми: „замисли да се паднеме во иста група со Јуве?“. И тоа навистина се случи. За мене е вистинско задоволство да се вратам таму. Јувентус е мојот дом, тука го постигнав првиот професионален гол. И понатаму одржувам врска со Квадрадо, Бонучи, со Дибала…Ние сме едно семејство и нормално е да се чуваме. Кога играш со фудбалери како Пирло, Буфон и Кјелини, секогаш може многу да научиш, дури и кога не си во тимот. На секој тренинг можеш да научиш нешто од луѓето како нив“ – изјави Пол Погба.

Но, и покрај врската со Јувентус, што се однесува до резултатот, Погба се надева дека Манчестер јунајтед ќе победи бидејќи како што вели, сонува за титула во Лигата на шампионите.

„Лигата на шампионите е нешто што ми е постојано во мислите. Имам голема цел да го освојам шампионскиот трофеј“ – вели Французинот.

Погба со Манчестер јунајтед ќе му гостува на Јувентус на 7 ноември.

Се вчитува...