Погба пред трансфер во Барселона, Раиола пристигна на „Олд Трафорд“

Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе има интензивна седмица која би можела да влијае многу на развојот на неговата кариера. На 9. август во Англија истекува преодниот рок, а Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед, по можност во Јувентус или во Барселона.

И двата клуба покажуваат интерес за него. Најактивен во целата процедура е агентот на Погба, Мино Раиола кој замина во Англија да преговара со тимот од „Олд Трафорд“ и покрај тоа што Французинот има договор со „ѓаволите“ до 2021 година. Неофицијално, англискиот клуб е подготвен да го продаде Погба за сума од 110 милиони евра.

Погба не е во добри односи со менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, уште од минатата сезона затоа што имаа разидувања околу позицијата на фудбалерот во составот на Јунајтед. Освојувачот на светската фудбалска титула се приклучи последен на подготовките на Манчестер јунајтед кој веќе в петок го има стартниот дуел во Премиер-лигата против Лестер.

Се вчитува...