Погба: Се вратив во Јунајтед за да ја освојам титулата во Премиер – лигата

Манчестер јунајтед го загуби Суперкупот на Европа од европскиот првак Реал Мадрид на „Телеком Арена“ во Скопје, но потоа доминантно го започна првенството во Премиер – лигата, славејќи против Вест Хем на „Олд трафорд“ со убедливи 4-0. Пол Погба беше стрелец на еден погодок во тој триумф, а најскапиот фудбалер во историјата на „црвените ѓаволи“ вели дека се вратил во Англија за да ја освои титулата.

„Дојдов повторно овде за да ја освојам Премиер – лигата и да си дадам нов предизвик. Но, тоа што е најважно е – титулата. Мојот сон беше да играм за овој клуб, и кога си заминав во 2012 година, чувствував дека не сум исполнет. Тогаш не бев член на првиот состав, но сега сум повторно овде и сум многу среќен. Во Италија созреав и пораснав на фудвалски план, а во Јунајтед се вратив како големо засилување. Сега се што сакам е да ја освоиме шампионската титула“, вели Пол Погба.

Манчестер јунајтед во следното коло од Премиер – лигата му гостува на Свонси.

Се вчитува...