Пол Погба и пеналот што го изведе на натпреварот против Евертон и сите 28 чекори што му беа потребни додека земаше залет за шутот беа тема за потсмев во целата светска фудбалска јавност. Инвентивноста на шегите на негова сметка стигнаа до таму што најмотивираните му направија и споредба со времето кое му беше потребно на Јусеин Болт за светскиот рекорд на 100 метри.
Францускиот репрезентативец свесен за издржаноста на критиките влезе во шемата шеги за фамозното изведување пенал. Тој постираше видео на Твитер со наслов „Како да стигнам до автомобилот“ во кое прави пародија од движењето пред шутот за пеналот.
‘How do I get to my car’
? pic.twitter.com/HkmUX4k9oa— Paul Pogba (@paulpogba) October 30, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА