Погба слета во Торино – лекарски прегледи, па потпис

Денеска е фантастичен ден за навивачите на Јувентус, најпрвин Анхел ди Марија ги мина успешно лекарските прегледи, за попладнево во Торино да пристигне и Пол Погба, второто суперзасилување за „старата дама“ во овој преоден рок.

Видеото од слетувањето на авионот на Французинот беше објавено на официјалните профили на социјалните мрежи на Јувентус, а во текот на утрешниот ден се очекува да бидат минати лекарските прегледи, по што ќе следи и потписот на договорот.

Само за потсетување, ова ќе биде камбек на Погба во Јувентус, откако тој пред шест години беше продаден на Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра, а сега без никаква отштета се враќа назад во редовите на најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...