Погба стигна на лекарски прегледи, навивачите во „транс“ (ВИДЕО)

Новото засилување на Јувентус, Пол Погба утрово пристигна на медицински прегледи во медицинскиот центар на италијанскиот тим. Тој при доаѓањето доби овации од неколку стотици фанови кои го поздравија играчот од средниот ред.

Со тоа Јуве во два дена добива уште едно звучно засилување. Вчера на тимот му се приклучи левокрилниот играч Анхел Ди Марија.

И двајцата играчи доаѓаат како слободни откако им истекоа договорите со ПСЖ, односно со Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...