Погба: Титулата од СП веќе ја заборавив, сега сакам нови трофеи и со Јунајтед и со Франција

Французинот Пол Погба беше еден од клучните во победата на Манчестер јунајтед против Лестер во првото коло од Премиер лигата.

Погба го постигна и првиот гол за Јунајтед во триумфот од 2-1…

„Сакавме да стартуваме со победа, и тоа и го направивме. Немав никакви предсезонски натпревари, се врати дури во понеделникот, па не е баш едноставно на почетокот“ – истакна Погба по синоќешниот меч и дополни:

„Освојувањето на Светското првенство со Франција сега е минато. Сакам нови предизвици и сакам да напредувам, да освојувам што повеќе трофеи…. Се уште не сум освоил Премиер лига, Лигата на шампионите, Европско првенство. Така да, има уште многу за работа“.

Се вчитува...